Случај „Монструм“: Обвинителството бара да се укине пресудата и предметот да се врати на повторно одлучување

03.10.2017 16:23

Обвинителството бара да се укине пресудата за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро и предметот да се врати на повторно одлучување. Сомнеж отвориле повеќе недоследности во постапката...

Веродостојноста на доказите се проблематизира, повредено е правото на обвинитете на одбрана. Поради ова, обвинителката побара Врховниот суд да ја укине пресудата за случајот Монструм, а предметот да го врати на повторно одлучување.

Сознанието за прислушуваните материјали фрла сенка врз овој случај, рече обвинителката. Барањето на обвинителството се совпаѓа со тоа на одбраната. Обвинетите во крајниот збор изјавија дека се осудени без докази.

Адвокатот на оштетените семејства побара судот да ја утврди вистината, а сторителите на петкратното убиство да ги казни.

Првостепениот суд за масакрот кај Смиљковското езеро кој се случи пред пет години изрече доживотна робија за шестмина обвинети и ослободителна пресуда за еден од обвинетите за тероризам. Апелацискиот суд кој постапуваше по жалбите ја потврди оваа пресуда.

 

Анита Димитријевска