Ново судско рочиште за напаѓачот на Шекеринска во Собранието

06.10.2017 09:36

Претходното рочиште, на 19-ти септември, беше одложено на барање на адвокатот на обвинетиот...

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судењето на Панче Ангелов, за нападот врз Радмила Шекеринска во Собранието на 27-ми април годинава.

Претходното рочиште, на 19-ти септември, беше одложено на барање на адвокатот на обвинетиот доделен по службена должност, кој побара време за да се подготви за судската постапка.