Ердоган во посета на Србија

10.10.2017 10:34

Земјата-домаќин мобилизираше уште 3.000 полицајци за неговата безбедност. По средбата со Вучиќ, најавена е пресконференција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во дводневна посета на Србија. Придружуван е од стотина бизнисмени, неколку министри и педесетина лични телохранители.

Земјата-домаќин мобилизираше уште 3.000 полицајци за неговата безбедност. По средбата со Вучиќ, најавена е пресконференција.

Ќе бидат потпишани и неколку билатерални договори, а предвидено е и зајакнување на безбедносните мерки.