Лавров: Поради САД може да ескалираат тензиите со Пјонгјанг

10.10.2017 10:55

Воени извори тврдат дека е можно тој да ја посети демилитаризираната зона на полуостровот во рамките на посетата на Сеул идниот месец.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Вашингтон би можел да испровоцира ескалација на тензиите со Пјонгјанг.

Американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од неуспехот на претходните администрации во Белата куќа, потенцираше дека постои само едно ефикасно решение за проблемот со владата на Ким Јонг-ун.

Воени извори тврдат дека е можно тој да ја посети демилитаризираната зона на полуостровот во рамките на посетата на Сеул идниот месец.

Во меѓувреме, Обединетите нации воведоа глобална забрана за влез во пристаништа за четири севернокорејски бродови поради превоз на недозволена стока.