Калифорнија: Вонредна состојба поради пожарите

10.10.2017 11:57

1.500 објекти изгореа до темел, а десетина жители се хоспитализирани...

Вонредна состојба во три окрузи на Калифорнија поради 14 големи пожари. Огнот уништи голем дел од винарските региони Напа и Сонома, каде што се евакуирани над 20 илјади луѓе.

1.500 објекти изгореа до темел, а десетина жители се хоспитализирани. Регистрирана е и една жртва, а има и исчезнати.