Почна дистрибуцијата на изборниот материјал
Согласно роковникот, ДИК овој материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна 72 часа пред денот на изборите, додека комисиите се должни најмногу ден пред одржувањето да го предадат избирачкиот материјал на надлежните одбори.

Државната изборна комисија изутрината почна со дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 15-ти октомври.
Согласно роковникот, ДИК овој материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна 72 часа пред денот на изборите, додека комисиите се должни најмногу ден пред одржувањето да го предадат избирачкиот материјал на надлежните одбори.
Шестите локални избори во Македонија ќе се одржат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборите почнуваат во седум часот, а гласачките места се затвораат во 19 часот.
