Кои се првите 10 луѓе со „Фејзбук“ профил?

16.02.2014 19:44

Facebook наполни десет години, а бројот на корисници изнесува околу 1,23 милијарди, но се прашувате ли кои биле првите корисници на оваа социјална мрежа или уште поточно кои биле првите 10.

Секој корисник на Facebook има идентификациски број, ID кој се добива во текот на регистрирањето.

Интересно е тоа што иако бил прв на страната, Марк Зукерберг не е под идентификациски број 1. 

Всушност првите три бројки биле наменети за тестирање оставајќи го Зукерберг на број четири.

Под броевите 5 и 6, Зукерберг го следат неговите соработници, коосновачите Крис Хјуџис и Дастин Московиц.

Тие ја напуштиле компанијата во 2008 година, а Хјуџис беше првиот портпарол , по заминувањето во 2008 година ја водеше online кампањата на сегашниот претседател на САД. 

Еден од коосновачите беше и Едуардо Саверин меѓутоа, неговиот ID е 41, што не е близу првите корисници.

Први не коосновачи на Facebook биле тогашниот цимер на Зукерберг, Ари Хасит и неговиот колега од факултет Ендру Меколум кој е заслужен за првото лого на компанијата.

Интересно е дека меѓу првите корисници на Facebook е Крис Путнам кој во 2005 година го зарази facebook со “црв“ и направи да изгледа како My Space. Наместо да повика полиција Зукерберг му понуди работа.