Каталонија: Истекува рокот за одговорот на Пуџдемон
Во писмо испратено до шпанскиот премиер Маријано Рахој, бара уште два месеца одлагање на прогласувањето независност за да се разговора со централната Влада.

Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон не потврди дали официјално прогласил независност за време на минатонеделниот говор во парламентот. Во писмо испратено до шпанскиот премиер Маријано Рахој, бара уште два месеца одлагање на прогласувањето независност за да се разговора со централната Влада.
Мадрид му даде рок до денеска за прецизирање на одговорот на ова прашање откако регионалниот лидер ја потпиша декларацијата за независност, а веднаш потоа за блокираше за да стартува дијалог.
Гласањето за отцепување од Шпанија на први октомври беше проследено со серија инциденти, насилства и апсења на неколку локации. За официјален Мадрид, референдумот на Каталонија е неуставен.
