Проштална средба на Димитров со словачкиот амбасадор Безак
Министерот Димитров искажа високо уважување за соработката со Словачка и за личниот придонес на амбасадорот Безак во продлабочувањето на македонско-словачките односи за време на неговата дипломатска мисија во Македонија...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Словачка во земјава, Мартин Безак.
Министерот Димитров искажа високо уважување за соработката со Словачка и за личниот придонес на амбасадорот Безак во продлабочувањето на македонско-словачките односи за време на неговата дипломатска мисија во Македонија, како и за активностите за време на словачкото претседавање со Советот на ЕУ минатата година, соопшти МНР.
Осврнувајќи се и на европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја, министерот Димитров се заблагодари за словачката политичка поддршка, но и конкретната помош за Македонија, насочена кон зголемување на подготвеноста на институциите и администрацијата во процесот на пристапните преговори со ЕУ.
Во знак на благодарност за неговиот активен ангажман, од името на Министерството за надворешни работи, на амбасадорот Безак му беше врачено почесно признание- плакета.
