СДСМ: После долг период во Македонија имаше фер, регуларни и слободни избори
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз.

Во Република Македонија после долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци, смета СДСМ. Според оваа партија, резултатите покажале како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз.
Надлежните институции постапуваат согласно надлежностите и во интерес на сите граѓани. Токму брзата реакција на институциите придонесе за навремено и ефикасно расчистување на малиот број инциденти, се вели во соопштението на СДСМ.
