ВМРО-ДПМНЕ: Поништен е тендерот за катна гаража во Охрид

18.10.2017 13:11

Поништен е тендерот за изградба на катна гаража во Охрид со што дополнително се оптоварува сообраќајниот метеж.

Владата на СДС крати од капитални расходи и инвестиции, а се задолжува стотици милиони евра без објаснување за што се трошат парите на граѓаните, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Поништен е тендерот за изградба на катна гаража во Охрид со што дополнително се оптоварува сообраќајниот метеж.

„Со стопирањето на овој проект СДС свесно дозволува да продолжи сообраќајниот хаос во најголемиот туристички центар во земјава. Возачите ќе бидат приморани да ги паркираат автомобилите по улиците и тротоарите, а со тоа да се ставаат во потенцијална опасност и животот на пешаците. Ветуваа промени и решавање на проблемот со сообраќајниот хаос, а сега откако се на власт гледаме дека тоа биле само лаги и празни ветувања“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека очигледно е дека за СДС не се важни капиталните проекти кои се од значење за потребите на граѓаните и на странските посетители кои ја посетуваат земјава, туку важен им е личниот профит и профитот на луѓето блиски до Зоран Заев.