Поднесени 46 приговори до ДИК, 43 се од ВМРО- ДПМНЕ
18.10.2017 13:16
Течат законските рокови за одговор на приговорите од ДИК и за натамошни тужби пред надлежниот суд.

Поднесени се 46 приговори за првиот круг од локалните изборни одржан на 15-ти октомври. Во предвидениот рок што истече ноќеска во два часот, најмногу приговори поднела ВМРО- ДПМНЕ, вкупно 43, а по еден приговор има од ТМРО, Алијанса за Албанците и од Левица.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
