САД
Пукотници во Балтимор, убиени три лица
19.10.2017 11:42
Окружниот шериф Џефри Гелер наведе дека напаѓачот е идентификуван како Ради Лабиб Принц, кој има големо криминално досие.

Три лица загинаа, а двајца се повредени во престрелка во индустриската зона во Балтимор, во американската сојузна држава Мериленд.
Окружниот шериф Џефри Гелер наведе дека напаѓачот е идентификуван како Ради Лабиб Принц, кој има големо криминално досие.
Осомничениот и жртвите биле соработници во фирма во индустриската зона Емортон.
