Хрватска: Судот нареди апсење на сопственикот на „Агрокор“

19.10.2017 12:22

Судот заклучил дека бизнисменот треба да биде притворен врз основа на опасност од попречување на судењето и загрозување на сведоците.

Судот во Загреб назначи мерка притвор за сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, додека други 12 осомничени за скандалот околу компанијата беа ослободени. Тодориќ не се појави на суд, но најави дека ќе пристигне во Хрватска од странство оваа недела.

Судот заклучил дека бизнисменот треба да биде притворен врз основа на опасност од попречување на судењето и загрозување на сведоците. Против осомничените во случајот „Агрокор“ полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на довербата на стопанското работење, фалсификување службени документи и прекршување на обврската за водење трговски и деловни книги.

Минатиот месец Тодоровиќ објави блог во кој ја обвини Владата за злоупотреба на власта и незаконски заземање контрола врз неговата фирма.