Ердоган: Секој момент може да се затвори границата со Ирачки Курдистан

19.10.2017 14:24

Тој додаде дека разговорите продолжуваат во однос на копнената граница.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека неговата земја „во секој момент“ може да ја затвори границата со Северен Ирак, по затворањето на воздушниот простор за тој регион.

Тој додаде дека разговорите продолжуваат во однос на копнената граница. По референдумот за независност на Ирачки Курдистан на 25 септември, Ердоган најави затворање на границите.