Грујевски и Бошкоски денеска пред Судот во Солун
Во Македонија се прибираат документите што треба да им бидат испратени на грчките власти за да почне нивната екстрадиција. Судскиот процес во Солун еднаш беше одложен бидејќи немаше обезбедено преведувач од македонски на грчки јазик.

Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски денеска ќе бидат изведени пред Судот во Солун. Судскиот процес за поседување на фалсификуваните бугарски пасоши е закажан точно напладне, по локално грчко време.
Во Македонија се прибираат документите што треба да им бидат испратени на грчките власти за да почне нивната екстрадиција. Судскиот процес во Солун еднаш беше одложен бидејќи немаше обезбедено преведувач од македонски на грчки јазик.
Грујевски и Бошкоски се обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“ поради незаконско прислушување кое според Специјалното јавно обвинителство траело од 2009-та до 2015-та година.
Двајцата во минатата среда беа уапсени на солунскиот аеродром, по распишаната меѓународна потерница. Пред обвинителот, Грујевски и Бошкоски барале да не бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи стравувале за своите животи.
МВР тврди дека во државава имале помагачи, за што е отворена истрага.
