Управниот суд уважи една од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори

24.10.2017 09:20

Одлуките на Управниот суд се конечни. По добивање на одлуката од Управниот суд, Државната изборна комисија треба да информира дали прегласувањето во ова избирачко место ќе има влијание врз изборниот резултат и дали врз основа на тоа ќе има прегласување.

Управниот суд уважи една од поднесените 28 тужби од ВМРО-ДПМНЕ, за поништување на гласање на избори за членови на Советот на Град Скопје, на гласачкото место 2461 во Општина Сарај.

Одлуките на Управниот суд се конечни. По добивање на одлуката од Управниот суд, Државната изборна комисија треба да информира дали прегласувањето во ова избирачко место ќе има влијание врз изборниот резултат и дали врз основа на тоа ќе има прегласување.

По одбиените приговори од ДИК, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе 24 тужби, а по една ТМРО, Левица и Алијанса на Албанците. По тужбите на партиите одлучуваа пет судечки совети составени од по пет судии, избрани по пат на ждрепка.

Управниот суд дел од одлуките ги објави вчера, но поради проблеми со системот, како што беше соопштено од судот, преостанатите 12 одлуки беа објавени ноќеска.

В недела ќе се одржи вториот круг од локалните избори за избор на градоначалници во 35 општини. Партиските карвани и денеска во повеќе населени места ја продолжуваат кампањата за вториот круг.