Работилница за проектот на НАТО - СИАРС

24.10.2017 10:07

Во проектот се вклучени и тимови oд неколку факултети од Љубљана и од ФИНКИ од Скопје. Со овој систем значително ќе се подобрат можностите за спасување на војниците на бојното поле

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ покрај наставната дејност, последниве години се вклучува и во научноистражувачки проекти. Еден од нив, кој е во финална фаза е СИАРС - современ медицински информатички систем, финансиран од НАТО- програмата наука за мир и безбедност.

Во проектот се вклучени и тимови oд неколку факултети од Љубљана и од ФИНКИ од Скопје. Со овој систем значително ќе се подобрат можностите за спасување на војниците на бојното поле, но ќе помогне и во планирањето на евакуација и минимизирање на ризиците и транспортот, велат од Академијата.