Средба Димитров - Пацоли во МНР
25.10.2017 10:23
Како што најави МНР, планирано е Пацоли да биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и од премиерот Зоран Заев.
Интензивирање на билатералната политичка и економска соработка, со акцент на инфраструктурната и енергетската соработка се во фокусот на денешната официјалната посета на шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли на Македонија.
Во тек е средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговиот косовски колега, а потоа е превидена пленарна средба на двете делегации.
Како што најави МНР, планирано е Пацоли да биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и од премиерот Зоран Заев.
