Отворање нови работни места во граѓанските организации

25.10.2017 10:38

Промотори ќе бидат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска.

За првпат ќе се промивира активна мерка за отворање нови работни места во граѓанските организации.

Промотори ќе бидат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска.

Оваа мерка за првпат ќе овозможи вклучување на граѓанските организации во оперативниот план за вработување со кој треба да бидат опфатени 41.562 невработени лица до крајот на годинава, за што се издвоени 16 милиони евра.