МВР ќе издава лични карти и в сабота и недела

25.10.2017 10:57

Како што соопшти МВР, барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота до 16:30 часот.

Сите одделенија за управни работи на МВР ќе работат на 28-ми и 29 октомври, со што граѓаните и во овие денови ќе можат да извадат лични карти, соопштија од ресорното министерство. Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Како што соопшти МВР, барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота до 16:30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на изборите Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.