Милионски суми за иновации, страв од патот до реализација
Македонија искористила само девет проценти од парите за поддршка на иновативни проекти од Светска банка. На располагање се ставени 9,5 милиони евра. Главен проблем – слабата информираност...

До средината на 2019-та, на располагање 8,6 милиони евра за иновативни проекти. Само девет проценти од вкупниот буџет на Фондот за иновации биле искористени идејата во бизнис да ја преточат 25 компании. Причини, неинформираноста, строгите механизми, стравот од предизвиците за комерцијализација- вели првиот човек на Фондот. Државата мора да покаже капацитет да ги искористи парите од Светската банка, пролонгирањето може негативно да се одрази на нови транши. Фокусот ќе биде ставен на малите и средни фирми- оценува Деспотовски.
„Не само старт- ап, новите учесници на пазарот, туку и малите и средни фирми кои се веќе етаблирани, а за жал биле малку заинтерсирани да ги искористат можностите на фондот, а имаат идеи и капацитет како тоа да го стават на хартија и да аплицираат за пари“, вели Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации.
Комерцијализацијата на иновацијата е најтешката фаза, државата треба да создаде амбиент, да се промени образовниот систем, да има извори за финансирање- велат менаџерите на иновативни проекти.
„Клучна работа за развој на еден производ е да најдете партнерска мрежа за продажба, а тоа бара толку инвестиција колку што сте инвестирале во производот“, оценува Илијанчо Гаговски, бизнисмен- иноватор.
Регионалните фондови оценуваат, компаниите имаат капацитет, потребна и иницијативност.
„Споредено со целиот регион во кој Фондот инвестира, Македонија е на задоволително ниво, споредбено со Хрватска или Словенија компаниите се во многу порана фаза на развој“, вели Татјана Забасу, директор на регионален фонд.
Од касата на Фондот за иновации досега се финансирани 25 проекти, најголем број од информатичките технологии.
Сузана Фиданска- Стоевска
