Курдскиот лидер Барзани заминува од должност
30.10.2017 12:01
Одлуката е донесена еден месец по контровезниот референдум за отцепување поради кој се судрија владата на Ирак и курдските сили „Пешмерга“.

Парламентот на курдскиот регион во Ирак го прифати барањето на Масуд Барзани, претседателот на ирачката Курдистанска регионална влада, да не го обнови мандатот кој истекува на први ноември.
Одлуката е донесена еден месец по контровезниот референдум за отцепување поради кој се судрија владата на Ирак и курдските сили „Пешмерга“.
Барзани нагласи дека и натаму ќе учествува во борбата за правда и безбедност за нацијата, но во улога на лидер на Високиот политички совет кој функционира како замена за референдумскиот совет.
