Амбасада на САД: Подобрување на демократскиот процес
Граѓаните да ја искористат законската постапка и да пријават можни неправилности и злоупотреби, велат од Американската амбасада. ДИК и другите владини тела да се фокусираат на препораките на ОДИХР, дадени за изборите во 2016 и 2017 година.

Амбасадата на САД ги поздравува прелиминарните наоди и заклучоци на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за натпреварувачкиот дух на локалните избори, за почитувањето на основните слободи, со што е подобрен демократскиот процес.
Граѓаните да ја искористат законската постапка и да пријават можни неправилности и злоупотреби, велат од Американската амбасада. ДИК и другите владини тела да се фокусираат на препораките на ОДИХР, дадени за изборите во 2016 и 2017 година.
Од амбасадата на САД пристигна и охрабрувањето, претставниците на локалната власт да бидат отворени и одговорни кон жителите во општините, за што ја имаат американската поддршка.
