ДИК
Досега не е поднесен приговор од партиите
31.10.2017 14:08
Од Комисијата известуваат, засега нема поднесено приговори на изборните резултати од вториот круг гласање во 35-те општини во земјава.

Течат законските рокови за приговори до Државната изборна комисија, првиот до 19, вториот до 2 часот по полноќ. Од Комисијата известуваат, засега нема поднесено приговори на изборните резултати од вториот круг гласање во 35-те општини во земјава.
Државната изборна комисија е должна да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на приговорот. Против одлуката на Комисијата може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Судот, пак, одлуката ја носи во рок од 48 часа, која е конечна.
