Метео: Сончево и студено

31.10.2017 14:09

Утринската температура на повеќе места ќе падне под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени. Во Скопје утре до 14 степени.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево и релативно студено време со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура на повеќе места ќе падне под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени. Во Скопје утре до 14 степени.

Во наредните денови следува период на сончево време со постепен пораст на дневните температури. Извесно зголемување на облачноста ќе има во петок кон крајот на денот, но без врнежи.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска