Заев: Засега нема разговори со ДПА за влез во Владата

01.11.2017 14:47

Дали ќе продолжи коалицијата со Алијансата за Албанците предводена од Села, Заев рече дека тоа не зависи само од него, туку и од Села, но и од другите коалициски партнери. Сѐ ќе биде појасно по викендот откако, како што рече, малку ќе се оладат главите.

Засега нема разговори со ДПА за влез во Владата, ниту пак е разговарано со Зијадин Села околу можноста за излегување на Алијансата од владината коалиција, вели премиерот Заев. Сѐ ќе биде појасно по викендот откако, како што рече, малку ќе се оладат главите.

„Очекувам овие денови прашината да легне. Сега имаме малку подзапалени политички глави во нашата држава. Се надевам во мирна атмосфера, некаде викендов, да ги отвориме процесите како понатаму заради тоа што имаме неколку испразнети места во Владата- министер, заменик-министер, неколку директори“, изјави Заев на маргините од денешниот самит „Македонија 2025“.

На прашањето дали ќе продолжи коалицијата со Алијансата за Албанците предводена од Села, Заев рече дека тоа не зависи само од него, туку и од Села, но и од другите коалициски партнери.

„Знам дека имаме мнозинство и без Села. Но, знаете дека секојпат сум поборник тоа мнозинство да виде колку што е можно посилно. Македонија е исправена пред сериозни одлуки, треба да ги завратиме ракавите и да работиме, а со поголемо и посилно мнозинство тоа е секако повозможно и би било поуспешно“, изјави Заев.