Израелските сили повредија демонстрант

02.11.2017 12:08

Револтираниот народ со чевли ја удираше куклата која го претставува сер Артур Џејмс Балфур, британскиот министер за надворешни работи, кој на денешен ден во 1917 година, ја потпиша истоимената декларација со која вети поддршка за еврејската држава на територијата на Палестина.

Едно лице е повредено откако израелските безбедносни сили со солзавец и гумени куршуми им се спротивставија на демонстрантите кои протестираа на одбележувањето на 100-годишнината на Балфуровата декларација во Витлеем на Западниот Брег.

Револтираниот народ со чевли ја удираше куклата која го претставува сер Артур Џејмс Балфур, британскиот министер за надворешни работи, кој на денешен ден во 1917 година, ја потпиша истоимената декларација со која вети поддршка за еврејската држава на територијата на Палестина.

Овој потпис е причина за деценискиот конфликт меѓу Израел и Палестина.