Заврши доказната постапка за случајот „Тврдина“

02.11.2017 16:29

Во скопска единица заврши доказната постапка за случајот „Тврдина“. Одбраната побара да нема судски процес сѐ додека не заврши екстрадицијата на обвинетите од Грција. Специјалното јавно обвинителство побара да им се суди во отсуство. Судот прифати...

Судијката го одби барањето на адвокатите на екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, судскиот процес да се одложи до негово екстрадирање во земјава. На рочиштето се изведуваа докази.

Не беше прифатено ни барањето судот да им наложи на другите оддели во УБК да достават примероци од списите што биле уништени, со образложение дека е непотребно, бидејќи фактите можеле да се констатираат од веќе изведените докази.

На ваквото барање на одбраната се спротивставија и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. За дел од документите можно е да се најдат извесни списи, смета обвинителката Ристовска, но вели тоа е од ирелевантно значење за овој предмет. Според неа, значајно е тоа што службени лица постапувале спротивно на законските прописи.

Завршни зборови за случајот „Тврдина 2“ судијката закажа за в понеделник.

Наташа Гркова- Петрушевска