ДИК ги отфрли приговорите на БЕСА, Алијанса за Албанците и на НДМ
Од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА 84 приговори беа разгледани како еден, бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.

Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година.
Од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА 84 приговори беа разгледани како еден, бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.
Членовите на ДИК, исто така, ги отфрлија сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот поднесен од НДМ.
Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците ДИК ги отфрли како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.
