Премиерот Заев ќе учествува на eкономски форум во Виена
Премиерот Заев ќе има обраќање во рамките на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија, соопшти владината прес- служба. На овој значаен форум свое учество ќе има и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Премиерот Заев ќе има обраќање во рамките на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.
Предвидено е Заев да оствари средба со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.
