Конференција за климатски промени во Бон

06.11.2017 15:31

До 17-ти ноември, учесници од 197 земји ќе дискутираат за создавање на единствен механизам за борбата против глобалното затоплување, вклучувајќи го и Парискиот договор од 2015 година...

Германскиот град Бон е домаќин на 23. Седница на рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

До 17-ти ноември, учесници од 197 земји ќе дискутираат за создавање на единствен механизам за борбата против глобалното затоплување, вклучувајќи го и Парискиот договор од 2015 година, чиишто потписници се согласија да не дозволат зголемување на просечната температура на планетата до 2100 година за повеќе од 2 степени целзиусови.

Сериозен удар врз договорот беше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече, бидејќи според него, документот го отежнува развојот на американската економија.