Цената на пченицата на берзите во благ пораст
Годинава родот кај житните култури потфрли и тоа не само кај нас туку и во целиот регион. Берзанските цени на пченицата во соседните земји и во Европа се без поголеми отстапувања во однос на македонската пченица за која се нудат по 9,5 денари за килограм.

Годинава реколтата кај нас и во регионот имаше ниски приноси скоро кај сите земјоделски култури.
Помалиот род на полињата со жито сепак донесе и повисоки откупни цени со кои барем ќе се покријат производствените трошоци.
На движењето на цената на пченицата, големо влијание имаат берзите во соседството, односно воСрбија, Унгарија и во Хрватска.
На Новосадската берза цената на пченицата на крајот од минатиот месец се движеше до 9,45 денари за килограм.
Во Хрватска, откупната цена на пченицата е до 8,8 денари во зависност од класата. Цената во Унгарија,пак, е 9,3 денари.
Просечната откупна цена на меркантилна пченицата во Македонија изнесува 9,5 денари за килограм.
Методија Трајков
