Поддршка за развој на социјалното претприемништво
Во рамки на проектот биле спроведени голем број активности за ангажирање млади луѓе и студенти во социјалното претприемништво и подигнување на свеста за социјалните претпријатија...

Воспоставување прва база на податоци на социјални претпријатија во земјата, подобра соработка, капацитет и вмрежување меѓу сите институции вклучени во создавањето политики за социјално претприемништво, вклучување на социјалните претпријатија во активните мерки на пазарот на трудот и зајакнување на потенцијалот на постојните социјални претпријатија во државата.
Ова се дел од целите постигнати со проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“ финансиран од Европската унија, чии резултати ќе бидат промовирани денеска на завршната конференција во Скопје.
Во рамки на проектот биле спроведени голем број активности за ангажирање млади луѓе и студенти во социјалното претприемништво и подигнување на свеста за социјалните претпријатија меѓу јавните институции, приватните претпријатија, универзитетите, граѓанското општество и пошироката јавност.
