Масакр во Тексас: Војската можела да го спречи Кели
07.11.2017 11:09
Според Пентагон, персоналот на министерството мора да го извести Бирото за секоја пресуда на воениот суд за да се внесе во регистар.

Американските воздухопловни сили признаа дека не го известиле ФБИ дека Девин Патрик Кели, кој усмрти 26 лица во црква во Тексас, веќе бил осуден за семејно насилство, со што можеле да го спречат легално да набави оружје.
Според Пентагон, персоналот на министерството мора да го извести Бирото за секоја пресуда на воениот суд за да се внесе во регистар.
По нападот во Садерлкен спрингс, Кели изврши самоубиство во својот автомобил откако бил гонет од неколку локални жители.
