Кон крајот на месецот се очекува иницијатива на Нимиц
Во меѓувреме, продолжува работата на мерките за градење доверба меѓу двете земји...

Кон крајот на ноември се очекува иницијатива на медијаторот Метју Нимиц за името на Македонија, со цел двете земји да се договорат, да се повлече грчкото вето и Македонија да стане членка на НАТО на Самитот на алијансата во јули следната година.
Ова го пишува грчкиот весник „Реал Њуз“, наведувајќи дека големата победа на коалицијата предводена од Заев на локалните избори во Македонија донесе оптимизам во меѓународната заедница за решение на спорот, додека грчката влада очекува потези на „добра волја“ од соседната земја, како што се преименување на скопскиот аеродром „Александар Велики“ или отстранување на споменици и статуи кои поттикнуваат иредентизам.
Во меѓувреме, продолжува работата на мерките за градење доверба меѓу двете земји, особено за граничниот премин кај Преспа, како и организација на културни настани во регионот, пишува весникот „Реал Њуз“.
