Метео: Облачно време со повремени врнежи од дожд

07.11.2017 13:16

Максималната температура ќе достигне до 14, а во Скопје се очекува температура до 12 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени  врнежи од дожд на места пообилни, над 25 литри на метар квадратен.

Во западните и југоисточните делови е можна појава на грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 14, а во Скопје се очекува температура до 12 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска