ВМРО-ДПМНЕ: Лажна грижа за заштита на човековите права

07.11.2017 13:46

Доказ за тоа, според оваа партија, е одбивањето на парламентарното мнозинство да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во извештајот на Народниот правобранител.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение во кое вели дека Владата на СДС и Зоран Заев води лажна грижа за заштита на човековите права. Доказ за тоа, според оваа партија, е одбивањето на парламентарното мнозинство да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во извештајот на Народниот правобранител.

Владата и Заев, кои досега пред медиумите се прикажуваа за душегрижници за човековите права, сега не сакаат ниту да се дебатира за истото, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.