Народен правобранител

Мемети: Да се спроведат предложените мерки

07.11.2017 14:28

Народниот правобранител се сретнал со пратеничките групи, кои се согласиле дека е потребно да бидат изгласани препораките со кои се зајакнува внатрешната контрола во МВР, се овозможува запишување на децата фантоми во матичните книги, а ќе се интервенира и во изборниот законик...

Препораките на Народниот правобранител да се најдат на Владина седница, да се разгледаат и да се задолжат управни органи да ги спроведат, по шест месеци да дадат извештај за сработеното. Обудсманот не отстапува да се спроведат предложените мерки, откако на седницата во Собранието немаше доволно пратеници и тие не беа изгласани.

Според Мемети, институцијата правобранител најголема поддршка треба да има токму од Собранието кое треба да бидe контролор на власта. Мемети се сретнал со пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Се согласиле дека е потребно да се изгласаат препораките.

Дел од мерките на правобранителот се зајакнување на внатрешната контрола во МВР и Јавното обвинителство, децата фантоми да се запишат во матичните книги, да се подобри системот „Мој термин“, да се интервенира во изборниот законик, да не се распишуваат огласи за групно вработување во администрацијата без потреба, да се реализира проектот за регионални депонии.

 

Наташа Јанчиќ