Се одложи судењето за случајот „Труст“
Се одложи стартот на судењето за предметот што го води Специјалното обвинителство, под името „Труст“ за незаконски тендер за ископ на јаглен и јаловина во рудникот Суводол кај Битола. Одбраната тврди дека не ја добила листата на докази кои по службена должност треба да им бидат доставени пред почетокот на главната расправа. Обвинителите тврдеа дека ги доставиле доказите до судот.

Три прислушувани разговори, од кои едниот јавно објавен се дел од доказниот материјал на СЈО во случајот „Труст“. Адвокатите на тројцата обвинети, меѓу кои и бизнисменот Сеад Кочан, на рака добија копија од лисата на докази, откако претходно се пожалија дека не им биле доставени.
При увидот во доставниците, судот констатираше дека одбараната уредно примила обвинителен акт, но не и листа на докази, иако постои запис дека СЈО доставило 13 копии- по една за сите странки.
Рочиштето е одложено за 14-ти овој месец.
Освен тројцата бизнисмени, под истрага на СЈО беа и три фирми кои се товарат дека здружени во конзорциум добиле тендер на ЕЛЕМ вреден повеќе од 17 милиони евра за ископ на јаловина и јаглен во родникот Суводол кај Битола.
Анита Димитријевска
