СКМ: Посебен даночен режим за холдинг компаниите

07.11.2017 13:23

изнис заедницата ќе поднесе до Владата иницијатива за реализирање на ова барање, со појаснување дека сите европски земји предвидуваат одредени даночни олеснувања за холдинзите.

Стопанската комора на Македонија бара посебен даночен режим за холдинг компаниите. Бизнис заедницата ќе поднесе до Владата иницијатива за реализирање на ова барање, со појаснување дека сите европски земји предвидуваат одредени даночни олеснувања за холдинзите.

Според оперативниот директор во Комората, Елена Милевска- Штрбевска, особено е важно да се создаде законска основа која ќе овозможи распределбата на добивката од работењето во тековната година на фирмата ќерка основана од холдингот, да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата во истата година.

Засега тоа не е можно поради што остварената добивка може да се користи за реинвестирање и развој на фирмата дури откако ќе помине одреден период и сите рокови за поднесување финансиски извештаи и завршни сметки, истакна Милевска Штрбевска.

Во Македонија, додаде, не постои ниту можност за регистрација на холдинг друштвата, туку постојат повеќе поврзани друштва кои во моментов имаат обврска да поднесуваат консолидирани извештаи само до Централниот регистар, но не и консолидирани даночни извештаи до надлежните институции.