КСС и СОНК реагираат на селективните зголемувања на платите во јавниот сектор

07.11.2017 15:16

Конфедерацијата на слободните синдикати и СОНК реагираат на предложените селективни зголемувања на платите во јавниот сектор. Бараат зголемување на платите преку преговори и усогласување со минималната плата. Најавуват протести доколку во јануарската плата нема корекции...

Конфедерацијата на слободните синдикати тврди дека платите во јавниот сектор се зголемуваат селективно, само во образованието, здравството и во одбраната. Бараат социјалните партнери да седнат на преговори. Инсистираат К-15 да се дава и во јавниот сектор. Преудпредуваат дека ако Владата нема слух за нивните барања, ќе организираат протести.

Од СОНК се жалат дека со најавеното зголемување на платите се заборавени културните и научните работници.

Од ресорното министерство, пак, велат дека буџетот за 2018 година во областа на трудот и социјалата е развоен, добро испланиран и ќе овозможи поголем развој на социјалната и на детската заштита. Предвидени се нови вработувања- велат од министерството.

 

Дијана Ценевска