Љубомир Јовески- владин предлог за државен јавен обвинител

07.11.2017 16:00

Од Владата велат дека одлуката е донесена врз основа на професионалната биографија и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители, чијшто член е Јовески.

Љубомир Јовески е владиниот предлог за државен јавен обвинител. Заклучокот е донесен на денешната седница и е испратен до Собранието, кое го има последниот збор.

Од Владата велат дека одлуката е донесена врз основа на професионалната биографија и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители, чијшто член е Јовески.

За неговиот избор е потребен 61 глас од пратениците.