Народен правобранител: Владата да ги спроведе мерките на Прибе
Народниот правобранител разочаран, ќе бара Владата да ги спроведе мерките предложени во Собранието. Координаторот на пратеничката група на СДСМ вели- пратениците биле деконцентрирани и збунети. Вети дека ќе ги изгласаат препораките на Прибе...

Препораките на Народниот правобранител да се најдат на Владина седница, да се разгледаат и да се задолжат управни органи да ги спроведат, по шест месеци да дадат извештај за сработеното. Обудсманот не отстапува да се спроведат предложените мерки,откако на седницата во Собранието немаше доволно пратеници и тие не беа изгласани. Според Мемети, институцијата правобранителнајголема поддршка треба да има токму од Собранието кое треба да бидe контролор на власта.
Мемети се сретнал со пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Се согласиле дека е потребно да се изгласаат препораките. Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев изјави дека технички пропуст е причината поради која пратениците не гласале за предложените мерки на омбудсманот.
Дел од меркитена правобранителот се зајакнување на внатрешната контрола во МВР и Јавното обвинителство, децата фантоми да се запишат во матичните книги, да се подобри системот „Мој термин“, да се интервенира во изборниот законик, да не се распишуваат огласи за групно вработување во администрацијата без потреба, да се реализира проектот за регионални депонии.
Наташа Јанчиќ
