Тешки услови за есенската сеидба

08.11.2017 10:31

Земјоделците ги сеат нивите, но се загрижени од сушата и неповолните временските услови стравувајќи дека трудот нема да им се исплати. Сепак, експертите препорачуваат да се сее сѐ до првиот снег.

Состојбата со есенската сеидба е загрижувачка, заради малиот процент на посеани површини како резултат на сушата.

Онаму каде што може да се влезе земјоделска механизација сеидбата мора да заврши пред појавата на првиот снег кој ќе го означи нејзиниот крај.

Сушата која трае уште од летото ги измеша  плановите за есенска сеидба. Таа се уште трае но се сее само на површини каде што има услови  да се влезе со поголеми и помоќни трактори кои можат да ораат и да сеат на посушна почва.

Оптималните рокови за сеидба течат уште само за пченица, додека за јачменот,  маслодајната репка и афионот тие се веќе завршени. На површините на кои се сее во овој момент нема доволно  влага нити во површинскиот слој од почвата каде што се наоѓа семенскиот материјал посочува агрометеорологот Ангелко Ангелески и за поникнување на семето треба да почекаат првите врнежи .

Методија Трајков