Иницијатива

Дипломатски клуб: Скопскиот аеродром да се преименува во „Киро Глигоров“

10.11.2017 10:56

„Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава- траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија“, велат од Дипломатскиот клуб.

Дипломатскиот клуб- Скопје ја дава својата поддршка на искажаните иницијативи, во иднина скопскиот меѓународен аеродром да го носи името Киро Глигоров.

„Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава- траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија“, велат од Дипломатскиот клуб.

Како што стои во соопштението, од скопскиот аеродром отпочнуваа и на него завршуваа бројните „походи“ на претседателот Глигоров во светот, неговите патувања посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава. Во негово присуство овде, за прв пат, во практика се воведени протоколарните манифестации како што се веење на државното знаме, интонирање на химната, постројување на почесната гарда, со кои пред светот Република Македонија се претстави како самостојна и независна држава. Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки.

Годинава се одбележува јубилејот- 100 години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија.

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб исто така поддржува и иницијативата на Филателистичкиот сојуз на Македонија за издавање на поштенска марка по повод 100-тата годишнина од раѓањето на претседателот Киро Глигоров.