Новиот претседател на Кривичен суд ја презеде должноста
Џолев даде свечена заклетва пред колегите од Судскиот совет и дојде на функцијата, откако неговиот претходник Стојанче Рибарев си поднесе оставка, поради како што наведе, здравствени причини.

Новоизбраниот претседател на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев даде свечена заклетва пред колегите од Судскиот совет и дојде на функцијата, откако неговиот претходник Стојанче Рибарев си поднесе оставка, поради како што наведе, здравствени причини.
„Нема да дозволам политички притисок врз судиите, а од нив ќе барам да работат согласно законите“, изјави новоизбраниот претседател на Основниот суд Скопје 1.
Џолев беше избран со 11 гласови „за“ и два „против“ на седницата што ја оддржа Советот на 8-ми ноември.
За претседател на Кривичниот суд се кандидираа и судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.
