Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
Предвидено е делегација на Собранието на Република Македонија и на Градот Скопје да положат цвеќиња пред Споменикот на Ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред Споменикот на Генерал Михајло Апостолски.

Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска се одбележува 13-ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.
Градоначалникот Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Aнтифашистичката војна на Македонија.
Предвидено е делегација на Собранието на Република Македонија и на Градот Скопје да положат цвеќиња пред Споменикот на Ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред Споменикот на Генерал Михајло Апостолски.
Цвеќиња ќе бидат положени и на Споменикот на ослободителите пред Владата. Традиционалната крводарителска акција на Црвениот Крст на Град Скопје се одржува од 9 до 17 часот во домот на хуманитарната организација „Даре Џамбаз“.
