Безбедност

Дебата за сајбер криминал

13.11.2017 10:22

Најавени се обраќања на министрите Шеќеринска и Манчевски, како и излагања на претставници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика...

Политики за сајбер безбедност, транспонирање на ЕУ- директивата за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи, е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на министерствата за информатичко општество и администрација и за одбрана.

Најавени се обраќања на министрите Шеќеринска и Манчевски, како и излагања на претставници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за електронски комуникации.