Рочиште за евентуално отворање стечај за „Фени“
Во текот на претходната постапка судот одреди општа забрана за располагање со имотот на должникот, спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот, и забрани исплати од сметката на комбинатот.

За денеска напладне во велешкиот Основен суд е закажано првото рочиште за евентуално отворање стечајна постапка за комбинатот „Фени“. За привремен стечаен управник беше назначен Мирослав Атанасиевски.
Во текот на претходната постапка судот одреди општа забрана за располагање со имотот на должникот, спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот, и забрани исплати од сметката на комбинатот.
Барањето за отворање стечајна постапка за „Фени“ го поднесоа трите банки како најголеми доверители. Предложија да се најде инвеститор кој ќе може да ги преземе и да ги сервисира обврските на комбинатот кон вработените, банките и другите доверители, а со дополнително инвестирање да овозможи натамошно работење.
Сегашниот сопственик на „Фени“ има неисполнети обврски од 40 милиони евра кон трите банки, како и дополнителни 20 милиони евра кон други доверители.
